Најдобрата македонска машка ракометна репрезентација наскоро ја очекува настап на Европското првенство во Германија кое ќе се одржува од 10 до 28 јануари 2024 година.

Нашите ракометари предводени од селекторот Кирил Лазаров го завршија првиот дел од подготовките во Стара Пазова, Србија.

Репрезентативците одиграа и контролен меч против Црна Гора, следува пауза од неколку дена, а од 2 јануари ќе продолжат тренинзите.

За 4 и 5 јануари пред заминувањето за Германија, во Скопје се закажани тест дуели против селекцијата на Грција.

А, пред да заминат на евопското првенство, ракометарите ви честитаат Среќни новогодишни и божиќни празници.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.