Дејан Манасков ги пропушти двата бараж двомечи за пласман на Светското првенство поради тешката повреда на коленото од која се уште се рехабилитира, но повеќе од јасно е дека ќе биде огромно засилување за Светското првенство.

Во драматична завршница и фантастична атмосфера во „Борис Трајковски“, Македонија победи над Чешка на завршниот меч во бараж финалето со 27:25. Но, на Светското првенство наредната година најавено е дека нема да гледаме две големи имиња.

Заминувањето на Филип Миркуловски беше најавено и тој беше почесно испратен уште пред почетокот на мечот. Но по победата над Чешка крај на репрезентативната кариера најави и пивотот Столе Стоилов.

Кирил Лазаров секако очекуваше заминување од „Жути“, но одлуката на Столе е голем шок и за него и најави дека ќе се обиде да го премисли до мундијалот во јануари.

Дали Кире ќе успее да го премисли Столе има време да видиме. Во меѓувреме соиграчите ги поздравуваат легендите.

Што да кажам за вас двајца, ако тргнам да пишувам ќе ми требаат неколку дена. Ми беше чест и задоволство што заедно ги делевме и добрите и лошите моменти во репрезентацијата сите овие години. Сите победи и порази, сите наши заеднички дружења. Фала ви за сè мангупишта. Ќе фалите, порача Манасков.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.