Македонската ракометна репрезентација се пласира во полуфиналето на Медитеранските игри во Алжир. Ова е епилогот по вечерашниот последен натпревар од Б-групата во кој Шпанија го совлада домаќинот со убедливи 31:19.

Шпанците кои важеа за апсолутен фаворит одиграа коректно и без разлика што го имаа обезбедено полуфиналето, не калкулираа и на крајот според очекуваното ги освоија бодовите.

Со максимални 12 бода, Шпанците како првопласирани одат во полуфиналната фаза, додека избраниците на селекторот Кирил Лазаров се втори со седум бодови (+18 гол-разлика). Алжир е трет исто така со седум бодови и гол разлика +3. Турција е четврта со три бода, додека Грција е последно пласирана без ниту еден бод.

Во полуфиналето закажано за 4 јули (понеделник) македонските ракометари ќе се соочат со Египет, додека Шпанија за противник ќе ја има српската репрезентација.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.