Македонскиот медитерански тим со вкупно 114 членови од кои 77 спортисти вечерва продефилира на отворањето на годинешните Медитерански игри во Оран (Алжир).

Сребрениот олимпиец Дејан Георгиевски, еден од нашите најголеми адути за златен медал и каратистката Симона Заборка беа знаменосци на отворањето пред преполните трибини на стадионот.

Медитеранскиот тим брои 114 членови од кои 77 се спортисти што е убедливо најголема бројка на наши спортисти на еден ваков спортски самит. Македонија има претставници во ракомет и одбојка (мажи и жени), таеквондо, џудо, карате, борење, пливање, стрелаштво, атлетика и мечување. Натпреварите на игрите почнуваат утре, а први од нашите спортисти кои ќе настапат ќе бидат каратистите, како и женската одбојкарска репрезентација која по десет години пауза се враќа на големите настани.

Извор: Спорт1.мк


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.