Македонската ракометна репрезентација го претрпе и вториот поразвна Светското првенство во Полска. Мечот со Холандија кој е втор во рамките на групната фаза, го загубивме со 34-24. Шансата за пласман во следната фаза од Мундијалот ќе ја бараме против Аргентина во последното коло.

Холанѓаните заслужено дојдоа до високата победа. Најслаба алка во нашиот состав е одбраната, но не функционираше ниту нападот. Младите македонски ракометари имаа сила само во првите неколку минути, кога водевме со 3-2. Следуваше серија од 5-0. Македонија успеа да дојде до негатива од два разлика 9-11, но следуваше уште една серија на Холанѓаните, овојпат од 6-1. ПРвиот дел од натпреварот заврши 18-11.

И првите минути од вториот дел им беа наклонети на Македонците, кога успеавме да намалиме на четири гола негатива. Но тоа кратко траеше.До крајот на мечот го зголемија водството за конечни 34-24.

Најдобри стрелци за Македонија беа Кузмановски и Пешевски со по четири гола, Манасков и Костески дадоа по три. Во составот на Холандија Кај Смитс беше незадржлив со десет голови.

Последниот натпревар од групата го играме против Аргентина во вторник со почеток од 18 часот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.