Македонската репрезентација тешко ја совлада Турција ( 30-27) и се пласираше на Европското првенство во јануари во Германија.

Македонија не одигра речиси ништо на овој натпревар. Одбраната “нежна” , нападот без муниција но и ослабени по повредата на Кузмановски.

Згора на тоа голманот Томовски во првиот дел не одбрани речиси ништо но за тоа во второто полувреме се извади со неколку зицери. Но, и на фановите треба да им биде јасно дека ова е нова, млада репрезентација на која ќе и треба време да се искали на големи натпреварувања како европско и светско првенство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.