Трикратниот светски првак, Данска, ја декласираше Норвешка, со 29:23 и се пласира во полуфиналето на Европското првенство (ЕП) во ракомет што се одржува во Германија.

Победата на Данска против Норвешка значеше и пласман во полуфинале. Шведска во полуфиналето влезе откако на претходниот меч ја совладаа Португалија со 40:33.

Во последното коло Словенија и Португалија можат бодовно да ја достигнат Шведска, доколку загуби од Норвешка. Но Швеѓаните се подобри од двете селекции во директните дуели.

Данска во завршницата продолжува како победник во Групата 2, а Шведска како второпласирана.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.