Со десет гола разлика Франција ја совлада македонската ракометна репрезентација. 29-39 е крајниот резултат од првиот меч на Европското првенство (ЕП) во Германија.

Првото полувреме Македонија иако аутсајдер во овој меч, парираше на Франција, па дури и имаше водство од два гола (10-8. Но по 20 минути игра Франција ги презеде работите во свои раце. По низа грешки на нашите ракометари првиот дел заврши со водство на Франција 17-13.

Голманот Никола Митревски беше расположен. Имаше околу десетина одбрани, но грешките на ракометарите во напад скапо не чинеа. Најефикасен во составот на Македонија беше Жарко Пешевски со седум голови, Џонов постигна шест, Кузмановски четири, Талески, Лазаревски и Митев по три. Во составот на Франција Иго Деска имаше седум од седум, Наи даде шест, а Мем пет.

Македонија следниот меч го игра против Германија го игра во Берлин на 14 јануари, а два дена подоцна против Швајцарија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.