Македонската ракометна репрезентација денеска ќе го добие противникот во првиот бараж за Светското првенство 2023 година кое ќе се одржи во Полска и Шведска. Кирил Лазаров и неговите избраници се носители пред извлечувањето на двојките заедно со Австрија, Босна и Херцеговина, Белорусија, Литванија, Португалија, Украина, Словенија и Словачка.

Можни ривали на македонските ракометари се Белгија, Естонија, Фарски Острови, Финска, Израел, Грција, Италија, Романија и Швајцарија. Бараж дуелите ќе се играат на 14 и 20 март.

Ова е првиот пат кон пласман на Мундијалот. Вториот дел е потежок, тука Македонија ќе има тешка задача нема да биде во носителите пред ждрепката, па ќе игра против селекции како Хрватска, Чешка, Германија, Унгарија, Србија и Русија, Црна Гора, Холандија и Исланд.

Ждрепката е закажана со почеток во 14:30 часот, ќе се одржи во Будимпешта.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.