Магдебург е првиот финалист во ракометната Лига на шампиони (ЛШ) во Келн. Во драматичен дуел пред повеќе од 20.000 гледачи, германскиот тим по изведување на пенали славеше против европскиот првак Барселона со 40-39, откако дуелот во регуларниот тек заврши 31-31, а по продолженијата 38-38.
Најефикасни кај Барселона беа Н’Гeсан со девет и Гомез Абело со осум гола, додека во тимот на Магдебург се истакнаа Смитс со дванаесет и Дамгард со осум погодоци.
Второто полуфинале меѓу Киелце и ПСЖ се игра од 18:00 часот, а сите билети одамна се распродадени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.