Левче Китевски не е веќе директор на машките и женските ракометни репрезентации. Оваа вест ја официјализираа од Ракометната федерација со соопштение во кое се вели дека РФМ и Китевски, на 31 мај 2022 взаемно се спогодиле за прекин на соработката и тоа на негово барање.

Ракометната Федерација на Македонија ја известува јавноста дека македонската куќа на ракометот и досегашниот директор на машки и женски репрезентации Левче Китевски на 31.05.2022 взаемно се спогодија за прекин на соработката.

Ракометната Федерација на Македонија упатува благодарност за досегашниот ангажман на Китевски кој ја извршуваше функцијата Директор на машки и женски репрезентации во периодот јуни 2020 – мај 2022 година, се вели во соопштението на РФМ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.