Селекторот на македонската машка ракометна репрезентација Кирил Лазаров се огласи по ждрепката во Келн, по која македонската репрезентација ја доби селекцијата на Фарски Острови за противник за баражот за Светското првенство во 2025 година.

„Добивме квалитетен противник, кој со квалитетот на играта направи проблеми на сериозни европски селекции на последното Европското првенство. Имаат огромен напредок во сите ракометни категории во последните три-четири години.

Неатрактивна ракометна национална селекција, но многу квалитетна. Имаме време добро да се подготвиме за бараж натпреварот. Очекувам неизвесен дуел на двата натпревари. Имаме подеднакви шанси за пласман на Светското првенство во 2025 година”, рече селекторот.

Првиот меч е на програмата на 8. мај, додека четири дена подоцна и реваншот, и на првиот дуел Македонија треба да биде гостин.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.