Иако имаше добри моменти, македонската ракометна репрезентација претрпе пораз на првиот натпревар на Европското првенство во Германија. Моќната Франција извојува победа од 39-29, во натпоревар кој на стадионот на Фортуна Дизелдорф го следеа преку 50.000 гледачи.
По рекордниот натпревар на предс-конференцијата својот став го искажа селекторот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров.
„Честитки за француската репрезентација, која заслужи да победи попладнево. Можеби денес игравме против најсилната европска селекција. Игравме добро, задоволен сум, но не е доволно да играте добро 40-45 минута. Не сум задоволен од резултатот, бидејќи загубивме со десет разлика. Можеби пореално беше да биде на крајот 6,7,8 разлика. Направивме премногу грешки кога играте против селекција како Франција.
Сега имаме четири дена да го подготвиме натпреварот со Германија и верувам во оваа селекција“, рече Лазаров.
Утре нашите ракометари патуваат за Берлин и првпат ќе тренираат во „Мерцедес Бенц Арена“, каде в недела ќе се соочи со домаќинот Германија.
Извор: Гол.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.