Македонската ракометна репрезентација по стартниот пораз од Норвешка, вечерва ќе го игра натпреварот од второто коло на Светското првенство 2023. Противник на „црвено-жолтите“ ќе биде селекцијата на Холандија за која селекторот Кирил Лазаров искажа многу комплименти.
Холандија е екстра квалитетна репрезентација која игра модерен и квалитетен ракомет. Во секој момент знаат што прават, и офанзивно и дефанзивно. Ќе треба многу да се помачиме ако сакаме да победиме. Добро ја анализиравме нивната игра. Имаме шанси, треба позитивно да размислуваме. Хендикеп за нас е повредата на Томислав Јагуриновски кој ќе ни недостасува. Ќе се обидеме да одиграме квалитетно во текот на целиот натпревар, треба да бидеме на ниво 60 минути за да победиме. Без разлика на високиот пораз од Норвешка, расположението во репрезентацијата се враќа. Ако сакаме оваа репрезентација, оваа нова генерација да расте, ние на секој натпревар треба да влегуваме со самодоверба и да играме на победа, вели Лазаров.
Натпреварот во Краков е закажан со почеток 18 часот.
Второто коло во Ф групата ќе биде комплетирано вечерва со средбата Норвешка – Аргентина, која се игра со почеток од 20:30 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.