Еурофарм Пелистер поднесе жалба до Ракометната федерација на Македонија (РФМ) за судењето на мечот против Вардар 1961 кој се одигра вчеравечер во Охрид во финалето од Купот на Македонија.

Жалбата е поднесена поради една од последните одлуки на судиската двојка Николовски – Металари. Вардар имаше еден гол предност, а во последниот напад на вардарци, Филип Талески имаше шут, кој, според пелистерци, е направен по одлука за пасивен напад на арбитрите со намера да се потроши време, објавија битолчани.

Еурофарм Пелистер се повикува на правилото број осум на ИХФ, според кое направена е материјална штета и прекршени се новите правила според кои секој потег кој во последните триесет секунди од мечот кој на каков било начин задржува или троши време автоматски значи седмерец и црвен картон за противникот.

Натпреварот го доби Вардар со 26:25 и по 16.пат го освои трофејот во Купот на Македонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.