Долгогодишниот македонски ракометен репрезентативец, Дејан Манасков, ги засили редовите на актуелниот шампион Вардар 1961 и се врати во „црвено-црниот“ дрес по пауза од шест години.
Манасков се враќа во Вардар од редовите на унгарски Веспрем каде што со успех настапуваше изминатите неколку сезони, како еден од најдобрите стрелци со 540 постигнати голови на 160 натпревари.
Вардар добива брз, прецизен и искусен играч со големо меѓународно искуство со што екипата повторно гради силен, респектабилен и конкурентен тим и за следната сезона – соопштија од македонскиот шампион.
Претходно, Манасков настапуваше за Борец Велес, Металург, Вецлар и Рајн Некар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.