Еден од лидерите на владеачката коалиција на СДСМ, Рубин Земон го оправдува нехуманиот, нечовечкиот и авторитарниот чин на полицаецот од редовите на власта кој на натпреварот Вардар – Пелистер жестоко со силен замав на пендрек го удираше нашиот ракометарски првенец, младиот спортист Филип Талески.
Што треба друго да се превзеде во моментов? Ниту Талески е Звонимир Бобан, ниту играа Динамо со Црвена Ѕвезда, намалите малку доживувањето, ќе изјави политичарот од власта и лидер на владеачката партија ПОЕН.
Јавноста изминатите денови со право реагира на оваа отворена манифестација на тоталитарна свест на власта на Ковачевски, но за жал, партиите дел од коалицијата на СДСМ немаат трошка совест и не се кријат кога повикуваат на линч против спортистите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.