Ракометниот голман Борко Ристовски, го возвраќа ударот по одлуката на МОК, за негова 4-годишна сузпензија за извршување работа во олимпискиoт спорт, поради тоа што во ТВ емисија „изнел лаги, клевети и невистини на сметка на претседателот на МОК, Даниел Димевски, кои може да бидат штетни за целиот олимписки спорт“. Тој на прес-конференција порача дека таквата суспензија иницирана од Димевски е само обид за заплашување и е правно неиздржана.

Со себе, Ристовски, кој беше во придружба на својот адвокат, имаше папка полна со документи за можни незаконски активности на Димовски, објаснувајќи дека добар дел од нив се добиени од разни спортски федерации. Ристовски ги повика Јавното Обвинителство, МВР, ДКСК и другите институции да ги истражат документите за криминалите што ги имаат наравено од МОК.

Ристовски додаде дека не влегол во конфликт со Димевски од лични причини и истакна дека нема ниту намера ниту желба да се кандидира за претседател на МОК.

Време е и федерациите да се запрашаат кој го води олимпискиот спорт, верувам дека во брз рок федрациите ќе се состанат и ќе разговараат. Од она што го слушам, тие се прашуваат дали луѓе за кои има индиции дека сториле кривични дела може да го водат спортот. Верувам во ЈО и во иснтитуциите, и дека ќе се стави крај на ваквата практика.

 

Сузпензијата од МОК и Димевски е показател дека се плашат од мене. За мене, корупцијата во спортот е нешто против што секогаш ќе се борам. Сметам дека секој треба да се држи до својата фела и сакам нашата фела да биде чиста. Треба да нема вакви луѓе што ќе го искористуваат спортот за свои лични интереси и верувам дека тоа ќе биде случај со Даниел Димевски“, порача Ристовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.