Честитки за големата победа на нашата најдобра ракометна селекција пристигнуваат од сите страни. Бројни клубови и федерации од Македонија го поздравија успехот на ракометарите и пласманот на Светското првенство во 2025 година, а искрена честитка пристигна и од Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Македонија.
„Честитки до Ракометната репрезентација за големата победа вчера и пласманот на Светското првенство (СП) во 2025!“, стои во објавата на Американската амбасада во Македонија на социјалните мрежи.
На трибините на синоќешниот натпревар во Скопје беше и амбасадорката на САД во Македонија, Анџела Агелер, која победата на Македонија ја следеше во друштво со првиот човек на РФМ, Живко Мукаетов.
Македонија приреди неверојатен пресврт во двомечот со Фарски Острови. На гости загубивме со седум гола разлика, но тоа не беше пречка за убедлива победа во Скопје од 34-26 и пласман на нов голем ракометен собир.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.