Поранешниот фудбалер Давид Мендес да Силва (40) е осуден на затворска казна поради вмешаност во испорака на три пратки кокаин.
Обвинителството докажа дека тој бил директно вклучен во две испораки, додека во третата, најголема (1.300 кг) само индиректно бил вклучен во организацијата.
Да Силва беше уапсен минатата година во август во голема полициска акција.
Тој е обвинет дека со соучесници организирал транспорт на вкупно 1.548 килограми кокаин во Европа во три пратки. Судот докажа дека овој поранешен професионален фудбалер бил директно вмешан во преносот на два товара дрога – 74 килограми и 105 килограми.
За третата и најголема пратка не успеаја да докажат дека е директно инволвиран.
Обвинителството за овие дела побара десетгодишна затворска казна, но на крајот судот изрече седумгодишна затворска казна.
Мендес да Силва во својата кариера настапуваше за Спарта, Ајакс, НАК Бреда, Ред Бул Салцбург и Панатинаикос. Седум пати го носеше дресот на холандската репрезентација.
Кариерата ја заврши во 2017 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.