Асоцијацијата на тениски професионалци (АТП) соопшти денеска дека нема доволно докази за казнување на германскиот тенисер Александр Зверев за семејно насилство.
Зверев, кој неодамна беше втор тенисер во светот, а во моментов е рангиран на 14. место на АТП листата, беше обвинет од својата поранешна девојка за физичко злоставување.
АТП во есента 2021 година отвори независна истрага, а денеска објави дека нема доволно докази за казнување и оти овој случај од нивна страна е завршен.
Олга Шарипова, поранешната девојка на актуелниот олимписки првак, прво на социјалните мрежи обелодени дека, наводно, била жртва на физичко насилство, а подоцна и во интервјуа говореше дека Зверев ја тепал, задушувал со перница и ја заклучувал во хотелски соби.
Сите овие наводи германскиот тенисер ги отфрли.
АТП порача дека ќе преземе соодветни чекори доколку во иднина се појават нови докази.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.