Кинеската натпреварувачка во слободно скијање, Ејлин Гу, го освои вториот златен медал и вкупно трет на Зимските олимписки игри во Пекинг.

Гу победи со 95.25 поени во дисциплината халфпајп и го повтори успехот во „биг ер“, а освои и сребро во слопстајл.

Второпласирана во дисциплината халфпајп заврши Канаѓанката и олимписка победничка од Пјонгчанг, Кеси Шарп (90.75 поени), додека бронзата ја освои нејзината сонародничка Рејчел Каркер (87.75).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.