Тадеуш Пјетржиковски е полски боксер, кој гордо им се спротивставил на нацистите во времето на Втората светска војна, иако затворен во Аушвиц, останал верен на своите ставови и ја одбил нацистичката понуда да гоослободат ако им даде поддршка. И покрај се, Пјетржиковски го преживеал ужасот во Аушвиц и доживеал длабока старост.
Пјетржиковски е роден на 8 април 1917 година во Варшава. Тој ја претставувал Полска на Летните олимписки игри 1936 година во Берлин, каде што го освоил бронзениот медал во полутешка категорија.
За време на Втората светска војна, Пјетржиковски се приклучил на полската армија и се борел против германската инвазија на Полска во 1939 година. Подоцна бил заробен и затворен во концентрациониот логор Аушвиц како политички затвореник.
Тој е најпознат по својата пугилистичка (боксерска) кариера во германскиот затворски систем. Таму тој поразил огромен број противници, почнувајќи од други затвореници па се до чувари. Неговите противници вклучувале и доста познати професионални боксери од тоа време со широк спектар на тежини. На пример, во 1943 година, во кампот Нојенгаме го победил германско-американскиот боксер во тешка категорија Шали Хотенбах, наречен „Хамершлаг“ (Удар на чекан).
Во еден момент, Пјетржиковски добил предлог да го потпише „Volksliste“ (институција на нацистичката партија, чија цел е да ги класифицира жителите на териториите окупирани од нацистите (1939–1945) во категории на пожелност според критериумите систематизирани од Рајхсфирерот-СС Хајнрих Химлер), што би му овозможило да го напушти логорот, но тој одбил.
Во друг случај, тој бил подложен на медицински експеримент кога намерно бил заразен со тифус од медицинскиот персонал на логорот при контрола во болницата во кампот, но Пјетржиковски преживеал.
Во 2020 година беше објавен филм за неговиот живот, кој е доста интересен и е насловен „Gladiatorzy obozów śmierci“ (Гладијаторите на логорите на смртта).
Борецот на боксерскиот клуб Легија Варшава почина на 17 април 1991 година на 74-годишна возраст.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.