Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен победи на трката од Формула 1 шампионатот возена во Зандворт за Големата награда на Холандија.

За 25-годишниот Холанѓанец и актуелен светски првак ова е 46 победа, 11 во тековната сезона и деветта по ред со што го изедначи рекордот рекордот на четирикратниот светски шампион Себастијан Фетел по бројот на победи во низа (9 победи, 2013 година).

Возачот на Астон Мартин, Фернандо Алонсо, заврши на второто место со заостанување од 3,744 секунди назад трет беше возачот на Алпин, Пјер Гасли (+7.058).

Клупскиот колега на Верстапен, Серхио Перез заврши четврти. Тој доби казна од 5 секунди за пребрзо возење во боксот.

Трката во Зандворт беше прекината еднаш со жолти знамиња поради несреќа со возачот на Вилијамс, Логан Сарџент. Трката потоа беше и целосно во прекин со црвено знаме во 65. круг поради силен дожд и несреќа на возачот на Алфа Ромео, Гуанју Џоу.

Верстапен е убедлив лидер во генералниот поредок со 339 бодови, пред Перез со 201 и Алонсо со 168.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.