Српскиот боксер Вељко Ражнатовиќ не обезбеди национална пензија поради бронзениот медал на Европското првенство.
Дисциплината во која српскиот боксер го освои бронзениот медал не е олимписка, па Вељко не може да смета на пензија.
Ражнатовиќ оствари две победи на ЕП (со еден пораз) и тоа му беше доволно да постигне голем успех – бронзен медал.
Ражнатовиќ се откажа од бронзената награда во износ од 5.000 долари.
-Тие 5.000 одат кај дете на кое му треба повеќе од мене. Да живее Србија – напиша Ражнатовиќ на Инстаграм.
На поразените во финалето им се доделува награда од 10.000 долари, додека освојувачот на златен медал добива премија од -15.000 долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.