Големата награда на Саудиска Арабија во иднина ќе се пресели на нова патека. Во моментов, Големата награда на Саудиска Арабија, која се појави на календарот на Формула 1 во 2021 година, се одржува на урбаната патека во Џеда.
Сепак, организаторите однапред најавија дека ова ќе биде привремено решение – а во иднина Гран при ќе се одржува на нова патека во Кидија – специјален комплекс кој се гради на 45 километри од Ријад.
Поранешниот Формула 1 возач Алекс Вурц и сопственикот на архитектонско биро, Херман Тилке, работеа на проектот на патеката.
Најзабележителна карактеристика на трасата ќе бидат тешките висински промени. Патеката содржи 21 свиок, разликата помеѓу најниската и највисоката точка ќе биде 108 метри.
Се смета дека Џеда ќе продолжи да биде домаќин на ГП на Саудиска Арабија, кој се одржува овој викенд, до 2027 година
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.