„Битката на милијардерите“, најавената пресметка во октагон кафезот помеѓу Илон Маск и Марк Закерберг доби поинаква димензија, откако Маск, газдата на „Тесла“ и „Твитер“, ја прифати понудата од канадската УФЦ легенда, Жорж Сен Пјер да го тренира за борбата.

„Јас сум твој голем фан и би ми претставувало вистинска чест да бидам твој тренинг партнер во предизвикот проти Закерберг“, напиша Сен Пјер на Твитер минатата недеа, за денеска Маск да му одговори: „ОК, да го направиме тоа“.

Претходно и газдата на „Фејсбук“ и „Мета“, Закерберг доби понуда од УФЦ легенда, Џон Џонс, актуелниот шампион во тешка категорија, кој му ги понуди своите услуги.

Веќе знаете дека сум во тимот Зак. Кажи ако ти треба тренинг-партнер“, напиша Џонс, но Закерберг засега јавно не одговори.

Сепак, Закерберг има поголемо искуство од Маск. 39-годишниот Американец подолго време тренира бразилси џиу џицу, а неодамна победи на аматерски турнир. Тука е и разликата во големината – Маск има речиси 90 килограми, додека Закерберг нема повеќе од 75, но обложувалниците веруваат во Закерберг.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.