Врз основа на комуникација со ФИС (Меѓународната скијачка федерација) и ИОК (Меѓународниот олимписки комитет), МОК информира дека македонската Олимписка делегација која ќе учествува на зимските Олимписки игри ПЕКИНГ 2022, кои че се одржат во периодот 4-20 Февруари 2022 година, ќе биде составена од следните спортисти:
– Ана Цветановска – Крос кантри – ФИС код 3755009 (тренер Борче Јовановски) – 126,98 ФИС поени / дисциплини 7,5 км слободно плус 7,5 км скијатлон и 10 км класично (настап на 5 и 10 Февруари).
– Дардан Дехари – Слалом – ФИС код 750089 (тренер Антонио Ристевски) – 58,50 ФИС поени / дисциплини слалом/велеслалом (настап на 13 и 16 Февруари).
– Ставре Јада – Крос кантри – ФИС код 3750031 (тренер Борче Јовановски) – 63,77 ФИС поени / дисциплини Спринт слободно 1,5 км и 50 км слободно (8 и 19 Февруари).
Македонското знаме на церемонијата на отварање на зимските Олимписки игри ќе го носат Ана Цветановска и Дардан Дехари.
Олимписката делегација која ќе биде водена од страна на спортскиот директор на МОК, Владимир Богоевски за Пекинг ќе тргне на 29 Јануари, а во Скопје ќе се врати на 21 Февруари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.