Новак Ѓоковиќ, најдобриот светски тенисер на сите времиња, доби благослов од патријархот Павле само неколку дена пред да почине поглаварот на Српската православна црква на 15 ноември 2009 година.

Од тој момент, неговата кариера тргна по молскавична нагорна траекторија.

 

  Верата, крштевањето и благословот на патријархот му помогнаа на мојот син да се искачи на тронот на најдобриот спортист во светот. Посетата во ноември 2009 година беше пресвртница во неговата кариера. Така се случи да можевме да го посетиме нашиот сакан патријарх додека тој беше во болница на Воено-медицинската академија. Целото семејство беше таму, Новак седеше на стол до него, патријархот беше во фотелја во некое блажено полузаспано.Му ја донесовме монографијата на Новак со посвета кога Новак го освои Австралија опен во 2008 година, неговиот прв Грен слем. Ѓаконот му рече на патријархот: „Новак дојде да го благословиш“ и тој во еден момент ги отвори очите. Тогаш видов дека се небесно сини очи. Ја крена раката и го благослови. Тоа беше голема пресвртница во Новак-раскажа мајката на Ноле.

Дијана го објасни целиот момент кој бил важен за семејството Ѓоковиќ.

Влеговме во неговата соба. Покојниот патријарх Павле, тогаш жив светец, седеше во фотелја на страна, во полузаспана состојба.Ноле  седна до него а Ѓаконот рече: „Оче, дојде Новак, благослови го“. Патријархот ги отвори очите, се сврте кон Новак и рече: „Синко, Господ да те благослови и спушти раката на Новак.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.