Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ откри зошто неговиот син Стефан не дошол во Париз да го поддржи својот татко.
„Тие не се тука со мене, но можеби ќе дојдат за неколку дена ако останам на турнирот. Стефан има осум, Тара пет години. Стефан штотуку отиде на училишна екскурзија. Разговарав со него и тој знаеше дека доаѓам на Ролан Гарос, но ми рече: „Извини тато, можеби ќе ти се придружам подоцна, но ова е поважно, сакам да бидам во природа. Сакам да си играм со моите пријатели и да правам други работи“ откри Новак.
Српскиот ас откри дека неговата сопруга Јелена се грижи за наследничката Тара која има други интереси.
“Таа се занимава со јавање коњи и балет. Таа е неверојатна, душа моја… Тешко ми е да и кажам не за нешто. Секој татко кој има ќерка ме разбира. Благословен сум и благодарен на мојата сопруга што се грижи за нив и што е најдобрата мајка што можеле да ја имаат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.