Русинот Данил Медведев, ќе биде противник на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ во финалето на УС Опен. Медведев, рано утрово во полуфиналето со совлада светскиот рекет број 1, Карлос Алкараз од Шпанија.

Медведев, кој стартуваше на грен-слем турнирот во Њујорк како трет носител, триумфираше над бранителот на трофејот со 3-1 во сетови (7-6, 6-1, 3-6, 6-3).

Претходно во првото полуфинале, Ѓоковиќ со максимални 3-0 (6-3, 6-2, 7-6) го совлада домашниот тенисер Бен Шелтон и в недела против Медведев ќе се обиде да ја освои својата рекордна 24. грен-слем титула во кариерата.

За Ѓоковиќ тоа ќе биде десетто финале на УС Опен каде има негативна статистика и во претходните девет финални настапи само три пати ја освојуваше титулата, а шест пати беше поразен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.