Српската тенисерка Наталија Стевановиќ неодамна загуби во квалификациите за турнирот во Гвадалахара од Марија Матеас со 2:0 во сетови (3:6, 5:7), а по мечот откри дека добила застрашувачки закани на социјалните мрежи.

Стевановиќ беше фаворит според обложувалници, па многу обложувачи типувале на нејзина победа, а откако изгубила се појавиле многу револтирани.

Што да кажам после ова? Дали да бидам загрижена за мојот живот, само што загубив по повреда? Спортистите секогаш даваат максмум на теренот и ваквите закани се навистина нешто сериозно! Ова го објавувам првпат бидејќи ми здодадеа да се соочувам со вакви работи по секој пораз – изјави Стевановиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.