Новак Ѓоковиќ е задржан на аеродромот во Мелбурн, по што реагирала и Република Србија. Амбасадорот на Австралија бил итно повикан во српското МНР, објавија српските медиуми.
Нему ќе му биде врачена протестна нота во кое ќе има барање Новак Ѓоковиќ веднаш да биде пуштен од притвор. Реагирала и српската амбасада во Австралија. Според српските медиуми, српскиот амбасадор стапил во контакт со австралиските власти.
Новак Ѓоковиќ е веќе седум часа на аеродромот, притворен во просторија, а според информациите кои пристигнуваат од Австралија му бил одземен и мобилниот телефон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.