Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе одвои 50 милиони евра за спортот преку спортски денар, и ќе изгради спортски комплекс во Скопје и Битола.
Во еден четиригодишен мандат ќе бидат одвоени над 50 милиони евра за спортот, во форма на спотски денар од секој литар наточено дизел гориво. Овие пари ќе бидат наменети за имвестирање во спортска инфраструктура, помош на професионалниот и масовен спорт, како и континуирана едукација на наставниот кадар во науката за спорт.
Како врвен приоритет на идната владата ќе бидат двата спортски комплекси во Скопје и Битола.
Спортскиот комплекс во Скопје кој ќе го носи името Национален спортско комплекс “Методија Андонов Ченто” ќе има фудбалски стадион, спортска сала, неколку помали сали, конференциски сали, фитнес сали, спортска медицина и спортски музеј, како и простор за спортските федерации.
Спортскиот комплекс во Битола ќе опфаќа повеќе објекти од спортската инфраструктура кои и недостасуваат на Битола и регионот.
Време е Македонија да почне да напредува и победува. Македонија повторни твоја! Промените во твои раце!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.