Прекинувањето на соработката со Иванишевиќ e најдобрата одлука што можеше да ја донесе најдобриот тенисер на светот.

Ова го тврди Радмило Арменулиќ, тениски стручњак кој одлично ги познава и Горан Иванишевиќ и Новак Ѓоковиќ.

Резултатите одлучија. Новак откри дека Иванишевиќ повеќе не може да му го дава потребното внимание. Очигледно е дека тренинзите веќе не беа активни, дека имаше заситеност. Мислам дека Новак донесе добра одлука. Ќе видиме дали се ќе успее.  Новак сфати дека мора да го подобри својот волеј, сервис и некои други важни работи во неговата игра. Сигурен сум дека има некој на ум – изјави Арменулиќ за „Курир.рс“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.