Солт Лејк Сити ќе биде домаќин на Зимските олимписки игри во 2034 година официјално објави денес Интернационаен олимписки комитет (ИОК) во Париз.

Зимските игри во пак 2026 година ќе се одржуваат во Италија, во близина на Милано, од 6 до 22 февруари 2026 година во три различни региони и многу локации, со италијанските градови Милано и Кортина д’Ампецо како главни центри на игрите. Ова ќе бидат четврти Олимписки игри чии домаќини се Италија, која претходно беше домаќин на Зимските олимписки игри 2006 година во Торино, Зимските олимписки игри во 1956 година во Кортина д’Ампецо и Летните олимписки игри во 1960 година во Рим. Олимписките игри во Милано и Кортина д’Ампецо ќе бидат први Олимписки игри во кои официјално ќе учествуваат повеќе градови домаќини и ќе бидат први Зимски олимписки игри од Сараево 1984 година каде церемониите на отворање и затворање ќе се одржат на различни места. Настани ќе се одржат и во седум други северно-североисточни италијански градови. Игрите ќе ја одбележат 20-годишнината од Зимските олимписки игри во Торино, 70-годишнината од Зимските олимписки игри во Кортина д’Ампецо.

Лос Анџелес ќе биде домаќин на Летните игри во 2028 година од 14 до 30 јули. Лос Анџелес претходно беше домаќин на Олимписките игри во 1932 и 1984 година, придружувајќи им се на Париз и Лондон како единствени градови кои беа домаќини на три олимпијади.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.