На Меѓународниот аеродром “Скопје”, пријателите, симпатизерите и членовите на карате клубот “Макпетрол” го пречекаа каратистот Петар Спасеновски кој овој викенд освои импресивно трето место на Европското првенство во карате што се одржа во Газиантеп, Турција.
„Наредниот медал ќе биде злато, сигурно“, вели освојувачот на единствениот медал за Македонија на Европското карате првенство за сениори во Газиантеп во Турција, Петар.
Репрезентативецот на Македонија, кој е член на КК Макпетрол, во борбата за бронзениот медал во категоријата до 84 килограми слaвеше против Оз Мурат од Турција со 2-0. Спасеновски борбата ја реши во последните 15 секунди кога поведе со 1-0, а на 10 секунди пред крајот и со 2-0. Борбата претходно се водеше од дистанца и немаше многу акција, но во критичните 15 секунди Петар беше повешт и славеше со 2-0 за бронза на сениорското Европско првенство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.