Вероника Костовска (61 кг) и Петар Спасеновски (84 кг) ќе се борат за бронзи на Европското карате првенство за сениори во Газиантеп во Турција.

 

Костовска иако беше поразена уште во првото коло од Германката, Ана Мигу која стигна до финалето, успеа да ја повлече и нашата репрезентативка во репасажот. Таму Костовска прво беше подобра од Антеа Стиланиу од Кипар со 6-2, па потоа и од Киа Копонен од Финска со 3-0. Во борбата за бронзата таа ќе се сретне со Лаура Сиверт од Франција.

Спасеновски беше на чекор до финалето, но во последната борба беше поразен од големиот фаворит, Хрватот, Енис Гарибовиќ со 3-0. Претходно на патот до полуфиналниот меч, Спасеновски беше подобар од Лука Ретенбахер од Австрија (3-0), Мерис Муховиќ од Босна и Херцеговина (1-0) и Ибањез Сајнц-Торе од Шпанија (3-2).

Тој својот противник за бронзата ќе го добие до крајот на денешниот ден кога ќе бидат борбите во репасажот. Одличен настап имаше и Ангелам Мојсовска во категоријата до 68 килограми кај дамите. Таа минимум го осигура седмото место на Европското првенство, а потоа во репасажот ќе има шанса да избори и борба за бронзен медал.

До мечот за бронза не успеа да стигне Ангела Мојсовска која прва обезбеди пласман во репасажот во категоријата до 68 килограми, сепак беше поразена во првата борба од Ерменката Анита Макјан со 3-2.

Берат Јакупи имаше победа и пораз.

Резултати Европско првенство:

-61 кг
Верника Костовска – Ана Мигу (Германија) 0-7
Репасаж
Верника Костовска – Антеа Стиланиу (Кипар) 6-2
Верника Костовска – (Киа Копонен) Финска 3-0
За борнза
Веромика Костовска – Лаура Сиверт (Франција)

-68 кг
Ангела Мојсовска – Лина Летонен (Финска) 6-0
Ангела Мојсовска – Несрин Бужрин (Белгија) 6-1
Ангела Мојсовска – Мирослава Копунова (Словачка) 0-8
Репасаж
Ангела Мојсовска – Анита Макјан (Ерменија) 2-3

-84 кг
Петар Спасеновски – Лука Ретенбахер (Австрија) 3-0
Петар Спасеновски – Мерис Муховиќ (Босна и Херцеговина) 1-0
Петар Спасеновски – Ибањез Сајнц-Торе (Шпанија) 3-2
Полуфинале
Петар Спасеновски – Енис Гарибовиќ (Хрватска) 0-3
За бронза
Петар Спасеновски – Оз Мурат (Турција)

+84 кг
Берат Јакупи – Робин Ретенбахер (Австрија) 1-0
Берат Јакупи – Тома Коса (Словачка) 0-1



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.