Узбекистанецот Тулкин Киличев доживеал срцев удар и за малку ќе починел на Летните олимписки игри (ЛОИ) кои синоќа свечено беа затворени во Париз. Како што пишуваат медиумите, животот му го спасиле колегите од бртанскиот тим.

Во четвртокот на 8 август Хасанбој Дусматов стана олимписки шампион, а Тулкин Киличев за малку ќе умрел. На селекторот Киличев за време на прославата му се слошило, имал инфаркт, а животот му го спасиле колегите тренери од британската боксерска репрезентација.

Се се случувало во просториите на тенискиот центар Ролан Гарос, каде се одржуваше турнирот во бокс на ОИ во Париз.

Британците навремено реагирале, му пружиле прва помош и веднаш повикале лекарска екипа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.