Бордот на Интернационалната традиционална карате федерација донесе одлука 21. ИТКФ Светски шампионат во традиционално карате да се одржи на 11, 12 и 13 ноември во Скопје.

Организација на најголемото светско натпреварување во традиционално карате е од огромно значење за Македонската традиционална карате федерација (МТКФ), за Македонија и за македонските каратисти. МТКФ од своето постоење до денес има организирано неколку европски и балкански првенства во Скопје но за првпат ќе организира вакво големо светско натпреварување во традиционало карате – информираат од федерацијата.

За време на ИТКФ светскиот шампионат за ветерани, сениори, младинци, јуниори и кадети, предвидено е да се организира и Светски куп за деца „Хидетака Нишијама“ – основачот на ИТКФ и творец на традиционалното карате во светот.

Инаку во 1993 година на 101 Генерално собрание на Интернационалниот олимписки комитет се прецизираше дека традиционалното карате е спортска дисциплина која се вежба, управува и практикува со посебен систем на напревари од страна на ИТКФ. Овој голем карате настан се организира по повод два јубилеи и тоа 55 години занимавање со карате на Венцислав Недев, основоположник на традиционалното карате во Македонија и 30 години успешна напреварувачка меѓународна кариера на Дејан, Аљоша и Јадрнака Недеви, наши најуспешни каратисти, освојувачи на грст медали од европски и светски првенства – стои во соопштението на МТКФ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.