Каратистката Симона Заборка и таеквондистот Дејан Георгиевски го носеа македонското знаме синоќа на Свеченото отворање на Медитеранските игри во Оран, Алжир.

Македонската експедиција во Оран брои 114 лица од кои 77 спортисти кои ќе се претстават во десет спорта: ракомет (мажи и жени), одбојка (мажи и жени), таеквондо, џудо, карате, борење, пливање, стрелаштво, атлетика и мечување.

Во Олимпискиот комитет на Македонија се надеваат дека македонските репрезентативци ќе освојат поголем број медали во споредба со претходните Игри кои ни донесоа шест одличја.

Игрите во Оран ќе траат до 6 јули и на нив ќе настапат околу 3.390 натпреварувачи од 25 земји.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.