Си замина најголемиот, си замина најуспешниот, човекот кој го трасираше и го измина патот на сите тогашни, сегашни и на идни генерации, човекот кој ги сруши бариерите дека спортисти од една мала земја како што е Македонија може да застанат на врвот на европските, светските првенства и на Олимписките игри, рекоа на комеморацијата на Насе Насев, најтрофејниот тренер во борење во историјата на македонскиот спорт и едно од најславните имиња во боречкиот спорт. Насев беше и поранешен спортски директор на Македонскиот Олимписки Комитет (МОК). Почина по кратко боледување на 80 годишна возраст.
Насев беше прво спртист, потоа тренер, долгогодишен селектор, спортски директор на МОК, но пред се човек со најплеменити човечки особини, искрен пријател кој секогаш беше подготвен да ги сослуша и да им помогне на сите, пред се на спортистите, рече денеска новинарот Горан Милковски, кој говореше на комеморацијата.
Васил Тупурковски, поранешниот прв претседател на МОК, кој сега ја има има функцијата почесен претседател на македонското олимписко движење говорше за Насе како за долгогодишен пријател со кого делеле и добро и зло.
Насе беше спортски човек и ние го сметаме и за олимпски човек, бидејќи беше и директор на МОК, каде што остави сериозен печат со својата работа. Тој имаше пријатели во сите федерации, и во балканските и во европските и светските Федерации, и не само во борењето. Не се сеќавам дали јас го запознав или тој мене ме запозна со Иван Славков, претседателот на Бугарскиот олимписки комитет со кого негуваше искрено и долго пријателство. Јас го почитувам Насе пред се, како родител. Тој ги обожаваше своите синови, Сашко и Тони не оставаше некој лош збор да каже за нив. Сите ги сакаме своите деца и ги почитуваме, но Насе беше посебен и јас ќе го паметам по таа човечка димензија. Неговата сопруга Пале, сите ја знаеме, посебно ние кои одевме кај нив на ручек, вечера и поминуваме незаборавни моменти и дружења, рече Тупурковски – Циле, кој потенцирраше дека Насев бил голем стручњак и голем олимписки работник.
Насев, роден во Кочани во 1943 година, е еден од основоположниците на македонското борење, поранешен борач и тренер на Спартак од Кочани, долгогодишен селектор на репрезентацијата на поранешна Југославија, а потоа и на независна Македонија.
Учесник е на десет Олимписки игри, творец на легендите како Шабан трстена, Шабан Сејдиу и многу други кои ја прославија Македонија и македонското борење, а како спортски директор на МОК, под негово раководство во Сиднеј во 2000 година беше освоен првиот медал од едни ЛОИ за Македонија, Могамед Ибрагимов осбои бронза.
Носител е на трофеј и златен без на ИОК, во 1997 година влезе меѓу великаните на македонскиот спорт, а во јуни годинава го доби највисокото државно признание од страна на претседателот Стево Пендаровски, кој го одликуваше со медал за заслуги за Македонија за траен белег на спортските терени и огромниот придонес за афирмацијата на македонскиот спорт и држава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.