Победа во машка и пораз во женска конкуренција забележаа македонските репрезентации во 7. коло на Европското екипно првенство во шах во Будва.
Македонските шахисти во 7. коло беа поуспешни од Косово, триумфирајќи со 3-1 и пред завршните четири кола се на 27 место со шест бодови.
Во денешното 8. коло за противник ќе ја имаат селекцијата на Турција.
На женскиот турнир, македонските шахистки претрпеа висок пораз од Словенија (3.5-0.5) и по седум кола се на 28 место со пет бодови.
Противник во денешното 8 коло ќе им биде селекцијата на Норвешка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.