Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, ја напушти Австралија и е на пат за накај дома, а по бројните реакции од ширум светот, со соопштение околу расплетот на „австралиската сага на Ѓоковиќ“ се огласија и од неговото семејство.
Многу снме разочарани со одлуката на Федералниот суд и фактот што Ѓоковиќ мораша да ја напушти Австралија. Овде не беше во прашање спортот и настапот на првиот грен-слем во сезоната на кој Новак доминира веќе деценија, туку политика и разни итереси кои преовладеаја во овој случај.
И покрај скандалозното однесување кон Новак, верувавме дека спортот ќе победи. Верувавме дека ќе биде уважен фактот, којшто го потврди и Судот – дека Новак има валидна виза, и дека правдата ќе биде задоволена и дека никави „јавни интереси“ нема да бидат изговор за донесената одлука.
Ова се тешки моменти за Новак, но тоа што мораме сите да го направиме, пред се ние, како негово семејство, е да му пружиме поддршка повеќе од кога било досега. Ќе бидеме тука да ги поделиме ударите коишто ги прими, да му помогнеме да ја врати енергијата, вербата во овој спорт, но пред се и во фер-плејот што овде во целост изостана.
Горди сме на Новак и на силата што ја покажа во борба којашто ја водеше со многу достоинство.
Веруваме дека од оваа ситуација ќе излезе посилен и дека времето ќе го покаже тоа што Новак досега секогаш го потврдуваше, а тоа е дека тој е голем шампион и голем човек – се наведува во соопштението на семејството Ѓоковиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.