Шокантни вести доаѓаат од САД, каде што шефот на познатата организација „WWE“, Американско борење, Винс МекМахон, е обвинет за сексуално вознемирување, откако бил пријавен од страна на поранешна вработена во оваа организација дека од неа барал да учествува во тројка.
Џанел Грант, која веќе добилатри милиони долари во замена за потпишување на договор за молчење во текот на 2022-ра година, одлучила да поднесе нова тужба против МекМахон.
Како што тврди „Дејли мејл“, МекМахон ја исплатил само првата рата од милион долари, за потоа да не плати, што Џанел го видела како прекршување на нивниот договор.
Исто така, Грант тврди дека имала модринки и крвавење, откако МекМахон насилно ја пенетрирал со сексуални играчки, кои ги нарекувал по своите борачи.
Таа исто така рекла и дека сакала да ја заврши врската со него, но дека тој не и го дозволувал тоа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.