Македонската репрезентација во традиционално карате, викендов ќе настапи на ИТКФ Интерконтиненталниот куп во полскиот град Вроцлав.

Македонското карате ќе има претставници во сите возрасни категории во поединечна конкуренција во кати, кумите и фукуго за деца, кадети, јуниори и сениори.

За македонската репрезентација ќе настапат: Аљоша Недев и Јадранка Недева во кати за сениори, Камелија Недев, Матеј Мангаровски и Софија Јарчевска во кадетска конкуренција во кати и џиу ипон кумите како и најмладите напреварувачи Филип Недев и Максим Поп Трпев во кати и кихон ипон кумите за деца.

Македонската делегација ја предводат Венцислав и Дејан Недев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.