Поранешната најдобра светска тенисерка Наоми Осака роди женско дете, објави синоќа американскиот магазин „Пипл“.

Истиот извор прецизираше дека јапонската тенисерка се породила во болница во Лос Анџелес и дека Осака и нејзиното бебе се во добра здравствена состојба.

Осака, која во кариерата освои четири грен – слем титули, објави во јануари дека е бремена, а на почетокот на јули обзнани дека очекува девојче со раперот Кордае, со кого е во врска од 2019 година.

Јапонската тенисерка својот последен грен – слем трофеј го освои во 2021 година на Австралија опен, а подоцна истата година објави дека боледува од депресија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.