Ставот на Светската Здравстена Организација за ситуацијата со тенисерот Новак Ѓоковиќ досега не беше познат, но иако можеби веќе доцна, сепак тие излегоа со свој став.

СЗО наведува дека статусот на вакцинација не треба да биде услов за влез во која било земја и дека владите на државите треба да бидат поригорозни само доколку одзивот во време на епидемијата е премногу слаб.

Статусот на вакцинација не смее да се користи како аргумент за забрана на луѓето да патуваат, а владите на сите земји можат да наредат задолжителна вакцинација само како последно средство,  се вели во соопштението на СЗО.

Австралија инсистира на тоа дека Новак Ѓоковиќ морал да се вакцинира против Ковид 19, за да влезе во земјата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.