Откако организаторите на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг изразија загриженост поради растот на бројот на инфекции со Омикрон во Кина, директорот на Интернационалниот олимписки комитет (ИОК), Пјер Дукре изјави оти новиот сој на коронавирусот не претставува закана за ЗОИ кои ќе почнат на 4 февруари.

Не постои загриженост дека омикрон ќе влијае на текот на Игрите. Кина може да спроведе голем број тестирања во многу краток временски период, а бројот на учесници не претставува закана за домаќините, посочи Дукре.

Кинеските организатори на ЗОИ инсистираат на задолжително вакцинирање против коронавирусот со две дози или строг тринеделен карантин за сите учесници на Игрите.

Сите акредитирани лица, вклучувајќи ги спортистите, официјалните претставници, новинарите како и другиот персонал ќе мораат секојдневно да се тестираат на коронавирусот за време на нивниот престој во олимпиското село.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.