Сара Јанковиќ од пливачкиот клуб „Скопје“ и Петар Цеков од Пливачкиот клуб „Вардар“ се победници на главната трка на годинешниот традиционален Илинденски маратон што по 45. пат денеска се пливаше во водите на Охридското Езеро.

Тие во конкуренција од шеесеттина пливачи од земјава и од странство први ја испливаа патеката во должина од 2,5 километри од кај плажата Горица 1 до Кејот на езерото во Охрид.

Маратонот се одржува во организација на Клубот за спортови на вода „Охридско бранови 2008“ под покровителство на Советот на Општина Охрид.

Илинденскиот пливачки маратон на Охридското Езеро е третата трка од Македонскиот куп во далечинско пливање.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.